Најмалку 30 рудари загинаа, кога во североисточниот дел на Демократска Република Конго се урна дел од рудник за злато, кој работел незаконски.

Според локалните медиуми, во подрачјето Ватска, сместено во близина на границата со Уганда, на длабочина од 17 метри дошло до уривање на дел од рудник кој работел незаконски, пренесува Анадолија.

Спасувачките екипи дошле до телата на 30 рудари кои останале под урнатините на рудникот, но не се знае колку точно луѓе имало во рудникот во моментот на несреќата. Поради тоа што рудникот работел незаконски, се наоѓал далеку од населено место, па несреќата е забележана еден ден подоцна. Локалните власти посочуваат дека причина за несреќата најверојатно се обилните врнежи од дожд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.