Во американскиот град Питсбург, околу 6 часот по локално време, се урна мост, а спасувачките служби веднаш пристигнале на местото на настанот.

Полицијата соопшти дека се повредени три лица и дека повредите не се опасни по живот, како и дека проверуваат дали некој останал под урнатините. Засега нема информации дека некој загинал при уривањето на мостот.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека автобус останал да виси на делот од мостот кој се урна.

Во воздухот се чувствувал силен мирис на гас, поради што гасоводот е затворен.

Во меѓувреме, возилата биле извадени од урнатините на мостот. Надлежните апелираат граѓаните да го избегнуваат тој дел бидејќи во делот на урнатиот мост работат итните служби.

Пенсилванија има 3.353 мостови во лоша состојба. Според нацрт-законот поддржан и од демократите и од републиканците, Пенсилванија треба да добие 1,63 милијарди американски долари помош од федералната влада во следните две години за обнова на мостовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.