Авион Л-410 се урна во близина на Иркутск, Сибир, во кој имало 14 патници и двајца членови на екипажот.

Има преживеани, објави Службата за итни случаи.

Како што јавуваат медиумите, четири лица преживеале, едно е во критична состојба, додека 11 се заробени во кабината.

Хеликоптер Ми-8 е испратен на местото на настанот. Авионот Л-410 е двомоторен, што се користи за регионални летови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.