Американката Џојс Лин (40) загина кога авионот со кој управувала се урнал на патот кон градот Мамит. Џојс во авионот превезувала ковид-тестови за едно индонезиско село.

Се сомнева дека непосредно по полетувањето имало дефект на моторот на авионот, што предизвикало несреќа.

Трагедијата се случила кратко време по полетувањето од аеродромот во Сентана.

Според медиумите, само неколку минути по полетувањето, Џојс пријавила во контролната кула дека има проблеми со авионот. Наскоро авионот се урнал во езерото, а спасувачките екипи го извлекле нејзиното безживотно тело од водата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.