Европскиот парламент одлучи да ги одземе пратеничките имунитети на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, како и на Тони Комин и Клара Понсати. Ваквата одлука ќе овозможи продолжување на постапката против нив за екстрадиција во Шпанија, каде што се осудени и треба да издржат ефективни затворски казни.

Барањето за укинување на имунитетот на тројцата политичари е доставено од судот во Шпанија, кој ги бара под обвинение за заговор против владеењето на правото во земјата и проневера на јавни средства.

Пучдемон и Комин живеат во Белгија од 2017 година, каде што избегаа откако референдумот за независност на Каталонија, што тие го организираа, беше прогласен за незаконски од шпанскиот суд. Тогаш белгискиот суд одби да ги екстрадира, а подоцна тројцата освоија европратенички места на изборите во 2019 година.

Резултатите од вчерашното тајно гласање за укинување на пратеничкиот имунитет на тројцата политичари беа објавени рано утринава.

Во соопштението од Европскиот парламент се вели дека е поддржана одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет на Карлес Пуџдемон, Тони Комин и Клара Понсати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.