Дописникот на „Скај њуз“, Алекс Роси е еден од првите странски новинари кои влегоа во ослободениот Херсон. Украинските сили вчера по речиси девет месеци окупација влегоа во главниот град на Херсонската област, а граѓаните ги пречекаа со ентузијазам, веејќи украински знамиња.

Роси и неговата камера влегоа во центарот на Херсон, каде граѓаните ги пречекаа украинските војници, ги прегрнаа и вееја украински знамиња. Дописникот на Sky News ги опиша граѓаните на ослободениот Херсон како „многу емотивни и еуфорични“, додавајќи дека тие извикуваат: „Слава на Украина!“

„Но, тие се собираат од друга причина. Имено, до сега имаше целосна информативна блокада во Херсон, а армијата тука поставува точка за пристап до Интернет за луѓето да можат да контактираат со своите најблиски. За прв пат по девет месеци, луѓето можат да им кажат на своите најблиски дека се добро“, објави Роси.

„Многумина мислеа дека овој момент никогаш нема да дојде. Луѓето ни кажуваат дека Русите едноставно исчезнале преку ноќ. Тие исчезнале и го напуштиле градот“, известува дописникот на „Скај њуз“ кој раскажува разговори со воодушевените жители на Херсон.

Еден граѓанин на Херсон му рекол:

„Мора да имаш за што да живееш. Ова е моментот за кој живеевме. Ослободувањето не е нешто што се случува секоја година. Тоа е нешто што се случува еднаш во пет генерации. Овој момент ќе остане со нас засекогаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.