Италија регистрира рекордни 24.991 новозаразени со коронавирусот во изминатите 24 часа, а уште 205 лица починале од Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова го урна вчерашниот црн рекорд кога беа евидентирани 21.994 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата во Италија од Ковид-19 починале вкупно 37.905 лица, а регистрирани се 589.766 заразени.

Северниот регион Ломбардија и понатаму е најтешко погоден, со регистрирани 7.558 нови случаи во последните 24 часа, за разлика од вчерашните 5.035.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.