Во судирите во Нагорно Карабах во изминатиот ден загинале 23 лица од ерменска страна, што го зголеми вкупниот број на жртви на 104, објави владиниот информативен центар.

Десетици луѓе загинаа, а стотици се ранети во борбите што се проширија надвор од границите на Нагорно Карабах, заканувајќи се дека ќе се прелеат во општа војна меѓу поранешните советски републики Ерменија и Азербејџан.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на минатата недела.

На 27 септември, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека вооружените сили на Ерменија гранатирале позиции на линијата за контакт во Нагорно Карабах и дека меѓу жртвите имало цивили и војници.

Според Министерството за одбрана на Ерменија, пак, Нагорно Карабах бил мета на воздушни и ракетни напади. Ереван тврди дека Баку почнал офанзива во правец на Карабах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.