Во југоисточна Австрија се преврте автобус, при што се повредени неколку патници.

Во автобусот имало околу 30 патници во моментот на несреќата што се случила на рурален пат во Тифенбах, Штаерска – соопшти портпаролот на полицијата.

Властите се сомневаат дека автобусот се судрил со камион.

Полицијата се уште не објавила од каде доаѓаат патниците. Портпаролот информира дека станува збор за постари луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.