Најмалку седум лица загинаа, а 31 беа спасени кога три траекти се превртеа поради лошите временски услови меѓу провинциите Гимарос и Илоило, на Филипини, соопшти крајбрежната стража на Филипините.

Портпаролот на крајбрежната стража Арманд Балило изјави дека засега е непознато дали има исчезнати патници и членови на екипажот.

Потрагата по преживеани беше прекината поради обилните врнежи од дожд и поплавите во главниот град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.