Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја предупреди професорката која за време на сослушувањето во процесот на отповикување на Доналд Трамп направи шега на сметка на името на нивниот син, Барон.

Професорката на универзитетот Стенфорд, Памела Карлан, за време на сослушувањето ја истакна разликата меѓу монархијата и демократските влади кога го спомна синот на Трамп правејќи шега за разликата меѓу претседателите и кралевите, пренесува „Си-ен-ен“.

Претседателот може да го нарече својот син Барон, но тој не може да го прогласи за барон, рече Карлан.

Меланија Трамп реагираше на тоа, кажувајќи ѝ на професорката дека треба да се срами од таквата изјава.

Малолетно дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политика. Памела Карлан треба да се засрамите од вашиот гнев и очигледно пристрасно јавно додворување и користење на дете, напиша Меланија Трамп на „Твитер“.


Малку подоцна, Карлан се извини и рече дека погрешила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.