Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев. Во нападот , исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек, пред тимот да успее да избега и да се засолни. Целата екипа подоцна била спасени од украинската полиција.

Во екипата на „Скај Њуз“ се наоѓале и Доминке ван Херден и Мартин Воулс, како и локалниот продуцент Андриј Литвиненко.

Шокантната снимка од инцидентот синоќа беше прикажана на „Скај Њуз“ и на неа се гледа како новинарската екипа се наоѓа под силен оган додека стакло прска околу нив.

Се претпоставува дека нападот го извршиле диверзанти на руското извидување.

Во писмениот извештај за заседата, Ремзи наведува дека неговата екипа се упатувала кон градот Буча, каде што имале намера да дознаат повеќе за уништувањето на рускиот конвој од страна на украинската армија претходниот ден. Ремзи наведува дека екипата мислела дека украинскиот воен контролен пункт може да биде одговорен за пукањето, но нивните панични обиди да објаснат дека се новинари не го одвратиле напаѓачот да отвори оган.

Се сеќавам дека се прашував дали мојата смрт ќе биде болна, рече тој.

Некои членови на тимот успеале да побегнат, но Ремзи бил погоден со куршум во долниот дел на грбот.

Тимот на крајот стигнал до една фабрика, каде се засолниле.

Тимот на „Скај Њуз“, во меѓувреме се вратил во Обединетото кралство, а Литвиненко останал во Украина со своето семејство.

Имавме многу среќа, додаде Ремзи на крајот од прилогот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.