Се поголем број од Унгарците сметаат дека вакцината е единствениот начин да се сузбие пандемијата на корона вирус, а се повеќе луѓе ја изразуваат својата подготвеност да се вакцинираат, покажува студија на фондацијата „Сазадвег“.

Бројот на луѓе кои дефинитивно се изјаснуваат за вакцинација се зголемил на 34 проценти овој месец, од 24 проценти во декември 2020 година, покажа истражувањето, пренесува унгарската агенција МТИ.

Исто така, се зголемил и бројот на оние кои се донекаде склони кон вакцинирање, на 28 проценти од 25 проценти во претходниот месец.

Скептиците кон вакцината се 35 проценти, наспроти 52 проценти во ноември и 48 проценти во декември.

Зголемената подготвеност за вакцинирање, „Сазадвег“ ја припишува на извештаите за постојан раст на вакцинациите во земјите ширум светот.

Унгарците препознаа дека вакцините не носат ризик и дека немаат големи несакани ефекти – наведува фондацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.