Во Австрија моментално поголем број луѓе излегуваат од исламот отколку што преминуваат во оваа вера, покажуваат новите податоци на исламската верска заедница во Австрија.

Конкретно до август било забележано 197 ислегувања од верата, а во исто време само 49 прминале во ислам.

Најголема група од оние кои излегле од исламот се со потекло од Авганистан и Иран. Преминувањето во друга вера во Авганистан и Иран се третира како предавство кон својата вера и за тоа се заканува животна опасност, преминувањето во друга вера има важна улога во процесот на донесување одлуки за добивање азил во Австрија.

Излегувањето од исламска вера во Австрија е само формален акт. Што се однесува до лицата кои преминуваат во Ислам, пред се се работи за Австријки кои се мажат за муслимани.

Во Австрија моментално живеат околу 700.000 припадници на муслиманска вероисповед и тој број од 2000 година двојно е зголемен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.