Ужасни слики денеска пристигнуваат од местото Касорија во близина на Наполи, каде голема дупка се отворила на патот во близина на катедралата, а во неа паднал камион за отпад.

Пожарникарите го спасиле возачот на камионот, кој итно бил пренесен во лекување. Жителите на ова место сведочат дека по несреќата почуствувале силен мирис на гас.

Околните згради се исклучени од снабдувањето со гас и електрична енергија, а областа во моментов е изолирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.