Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, најави дека од 12 април земјата ќе премине на следната фаза од својот план за ублажување на ограничувањата во борбата против корона вирусот.

За една недела ќе бидат отворени продавници, фитнес центри, зоолошки градини, пабови со тераси, кампови, фризерски салони и други објекти.

Џонсон, на прес-конференција во Даунинг стрит, истакна дека Велика Британија ги опфаќа „четирите теста“ за укинување на ограничувањата.

Четирите тестови на Островот вклучуваат значителен пад на нови случаи на корона вирусот; намалување на товарот врз Националната здравствена служба; напредок во кампањата за имунизација и новите мутации на вирусот да не ја менуваат сликата суштински.

Џонсон, исто така, изјави дека од следната недела, две лица (што е зголемување за едно) ќе можат да ги посетуваат роднините во домовите за стари и изнемоштени лица.

Претходно, британската Влада објави дека од петок ќе обезбеди брзи тестови за корона вирус за сите граѓани во Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.