Холандската полиција соопштила дека уапсила брачен пар кој побегнал од хотелски карантин. Ги пронашле вчера во авион на аеродромот Шипхол во Амстердам.

Да потсетиме, минатата недела во Амстердам од Јужна Африка пристигнаа патници со два авиони, а подоцна се покажало дека 61 е позитивен на Ковид-19. Засега не се знае дали меѓу тие патници е и приведениот пар.

Локалните медиуми објавиле дека успеале да побегнат од хотелот за карантин, лоциран во регионот Кенемерленд, каде во моментов се наоѓаат заразените патници кои пристигнуваат од Јужна Африка.

Во Холандија 20.000 луѓе починале од Ковид од почетокот на пандемијата, пишува Би-Би-Си.

Јужна Африка во средата го објави појавувањето на новиот вид на сојот наречен омикрон, за кој Светската здравствена организација (СЗО) рече дека е „загрижувачка варијанта“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.