Бразилка е уапсена откако при нејзин претрес се покажало дека трудничкиот стомак  е лажен. Таа под фустанот сокрила лубеница полна со пакетчиња кокаин, и се преправала дека е бремена.

Како што објави полицијата од Сао Паоло, по анонимна пријава за криумчење на дрога, бил извршен претрес во автобусот за Рио де Жанеиро. И самите полицајци останале зачудени пред креативноста на неименуваната жена.

Откриени биле четири пакети со кокаин, секое со големина на тула, со вкупна тежина од 1,8 килограми.

Жената признала дека дрогата ја примила во Парагвај, а последна станица бил Рио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.