Се намалува бројот на лица кои бараат азил во Австрија, односно минатата година поднесени се вкупно 12.511 барања, што е за 1.235 помалку споредбено со 2018 година.

Во истиот период е забележано и зголемување на решенијата на австриските власти за одземање на статусот азилант. Речиси за 50 отсто е зголемен бројот на лица на кои ваквиот статус им е одземен, јави дописникот на МИА.

За споредба, во екот на мигрантската и бегалската криза во 2015 години, во Австрија се поднесени 88.340 барања за азил.

Според австриските власти најголем дел од барателите на азил се државјани на Сирија, Авганистан и Пакистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.