Американскиот претседателски кандидат Берни Сандерс, кој преживеа срцев удар пред неколку дена, конечно ја напушти болницата во Лас Вегас.

Веднаш по пуштањето од болница испрати порака до гласачите.

Со снимка на која се гушка со сопругата Џејн, Сандерс им се заблагодари на сите за поддршката.

„Сакам на сите да ви се заблагодарам на поддршката, љубовта и пораките со поддршка. Се гледаме наскоро во кампањата“, рече Сандерс додека неговата сопруга додаде дека поддршката многу им значи.

Да потсетиме, американскиот сенатор (78) нагло ги откажа сите планирани настапи во кампањата во вторникот, откако почна да чувствува болка во градите.

Итно е префрлен во болница каде му е оперирана блокирана срцева артерија и вградени му се два стента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.