Дебата за импичмент на претседателот на САД, Доналд Трамп, започна денес со обраќањето на Ненси Пелоси во американскиот Конгрес, а шесте часа за расправа ќе бидат поделени подеднакво меѓу демократите и републиканците.

Ако Претставничкиот дом до крајот на денот изгласа импичмент на Доналд Трамп, тој со тоа ќе стане третиот американски претседател во 245 години долгата историја на земјата, кој ќе се соочи со судење во Сенатот, пренесува Гласот на Америка.

Претставниците во Конгресот се состанаа во 9 часот на утро по локално време и требаше да гласат за правилата на дебатата кои вчера вечерта ги усвои Административниот одбор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.