Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, што учествува во граѓанската војна во Јемен, пресретнала и уништила шест беспилотни летала наполнети со експлозиви.

Саудиската државна телевизија, објаснувајќи дека дроновите биле лансирани од бунтовниците Хути и биле упатени кон нивното кралство соопшти дека „станува збор за намерни и систематични непријателските обиди на Хутите насочени кон цивилите“.

Оттаму додаваат дека Саудиска Арабија ги презема сите неопходни мерки за заштита на цивилите.

Од Коалицијата претходно соопштија дека уништила балистичка ракета што Хутите ја лансирале кон саудискиот град Џазан.

Саудиската воена коалиција ја почна својата интервенција против Хутите во Јемен во март 2015 година, откако ова движење ја собори меѓународно признатата влада во Сана и зазеде поголем дел од територијата на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.