Триесет и седум Саудијци се егзекутирани во Саудиска Арабија, откако се осудени за тероризам, соопшти министерството за внатрешни работи.

Егзекуциите се извршени во пет покраини и тоа во главниот град Ријад, во светите градови Мека и Медина, во сунитскиот регион ал- Касим и во источниот дел каде живее шиитско население.

Тие се прогласени за виновни поради усвојување на екстремистичко – терористичката идеологија. Во Саудиска Арабија смртните казни се извршуваат со отсекување на главите, но министерството нагласи дека еден од терористите бил распнат, зашто станува за лице осудено за многу тешки злосторства.

Претходно, во државата во јануари 2016 година беа егзекутирани 47 терористи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.