Островот Сардинија ќе стане првиот италијански регион класифициран како безбедна антиковид „бела“ зона, што значи дека ќе бидат укинати повеќето рестриктивни мерки што се на сила во целата земја.

Гувернерот на Сардинија, Кристијан Солинас, потпиша одлука со која се дозволува кафулињата да работат до 21 часот, а рестораните ќе можат да продаваат храна и пијалоци до 23 часот, кога почнува полицискиот час.

За разлика од Сардинија во некои региони во Италија мерките се интензивираат поради зголемувањето на бројот на заболени. Поради тоа Базиликата и Молизе сега се црвени зони, додека Ломбардија, Марче и Пиемонт поминаа од жолта во портокалова зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.