И покрај санкциите, трговијата меѓу Белгија и Русија не е намалена.

Минатата година, белгиските компании извезле стоки во Русија во вредност од 3,6 милијарди евра, додека увозот од Русија достигнал 12,8 милијарди евра, пишува весникот „Дерние Хеур“, повикувајќи се на податоците на белгиската агенција за надворешна трговија за 2022 година.

Вредноста на овој увоз забележал рекорден раст во износ од 64,7 отсто, благодарение на скокот на цената на бензинот, пренесуваат белгиските медиуми.

Белгија минатата година увезла 4,3 милиони кубни метри руски ЛНГ, што е зголемување за 70 отсто во споредба со 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.