Градот Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради ширењето на новиот коронавирусот, откако официјални претставници од Центарот за контрола и превенција на болести предупредија дека неговото ширење во САД е неизбежно.

Градоначалникот на Сан Франциско, Лондон Брид, прогласи вонредна состојба и истакна дека „глобалната слика“ на коронавирусот „брзо се менува“ и дека градските власти „треба да ја засилат својата подготвеност“ за неговото пристигнување на брегот на Калифорнија.

Ние гледаме дека вирусот се шири секој ден во различни делови на светот…Ги преземаме потребните чекори за да ги заштитиме граѓаните на Сан Франциско од појава на вирусот, додаде Брид.

Засега нема потврдени случаи на коронавирус во Сан Франциско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.