Лидерот на италијанската десничарска партија „Лига“, Матео Салвини, предложи обединување на членовите на Европскиот парламент од сите конзервативно-десничарски партии.

На состанокот во Португалија, каде што учествуваше на конференцијата „За поинаква Европа“, Салвини изјави дека „Европа не е ниту ЕУ, ниту еврото, Европа се милионите нејзини граѓани“, пренесе агенцијата Анса.

Можеби некои велат дека ова е состанок на екстремисти, но ние овде сееме, ја испитуваме можноста за формирање единствен блок во ЕУ со можни 130 парламентарци – рече Салвини.

Дел од италијанските центристички партии позитивно изреагираа на предлогот на Салвини, но партијата на Силвио Берлускони „Форца Италија“ оцени дека италијанската десница е обединета, но дека такво нешто не може да се пренесе во Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.