Во Париз синоќа се одржа непријавен протест против новите ограничувања за време на полициски час што вчера стапи во сила вчера во главниот град на Франција.

Во регионот на Ил де Франс, каде што се наоѓа главниот град Париз, како и во осум други француски региони, синоќа стапи во сила нова мерка за полициски час, која ќе трае од 21 до 6 часот наутро секој ден во наредните четири недели.

Околу стотина учесници во протестот извикувале „слобода, слобода“ и фрлале корпи за отпадоци на улица, а по триесетина минути полицијата успеала да ги принуди насобраните да се разотидат.

– Во Франција вчера се регистрирани рекордни 32.427 новозаразени со коронавирусот, соопшти француското Министерство за здравство.

Од последниот пресек починале уште 90 лица.

Од почетокот на пандемијата во Франција се заразиле вкупно 867.197 лица, а 33.392 починале

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.