САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за корона вирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат шест до десет милиони тестови на ден за да ја контролираат епидемијата.

Според податоците на Проектот за следење на Ковид, волонтерска иницијатива за следење на ширењето на вирусот, во САД, вчера се направени 1.061.411 тестови.

САД до 13 септември неделно тестирале просечно по околу 650.000 луѓе, а кон крајот на јули се правеле повеќе од 800.000 тестови дневно.

Од самиот почеток на пандемијата, недоволниот број на достапни тестови ги поткопа напорите за спречување на ширењето на вирусот. Во еден момент ова лето, жителите на Хјустон чекаа со часови во автомобили за тестирање, а некои дури и спиеја преку ноќ во возила. Слична ситуација имаше и во Мајами.

По тестирањето, луѓето мораа да чекаат до две недели за да откријат дали се заразени.

Од коронавирус починале околу 200.000 Американци, а заразени се повеќе од 6,7 милиони.
Во март, претседателот Доналд Трамп рече дека „секој што сака да биде тестиран ќе биде тестиран“, но таа цел сè уште не е постигната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.