Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, ја изрази американската загриженост за групирањето на руски воени сили во близина на украинската граница и предупреди дека Русија ќе сноси последици доколку изврши агресија во Украина.

Во војната во Донбас, на истокот на Украина, која почна во април 2014 година, по прозападната револуција во Украина, досега загинаа повеќе од 13.000 луѓе, а раселени се околу 1,5 милион локални жители.

На границата има повеќе руски сили од кога и да било од 2014 година, кога беше првата руска инвазија. Претседателот Џо Бајден беше јасен, доколку Русија дејствува непромислено или агресивно, тоа ќе ја чини скапо, тоа ќе има последици – изјави Блинкен во интервју за Ен-Би-Си, не прецизирајќи го можниот одговор на САД.

Шефот на американската дипломатија, кој во петокот телефонски разговараше со францускиот и германскиот колега за темата Украина, истакна дека „САД и европските партнери имаат исти проблеми“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.