Жителите на американските држави Њујорк и Нова Англија се засолниле од налетот на силен ветер од североисточен правец, кој донесе студ и околу 60 сантиметри снег во една од најтешките снежни бури во последно време.

Метеоролозите предвидуваат многу силна бура, која се пресели на североисточниот брег на САД, откако се формираше над Атлантикот, поради што беа откажани бројните летови за викендот.

Податоците покажуваат дека има 8.000 летови, пренесува Ројтерс.

Владите на сојузните држави Мериленд, Масачусетс, Њу Џерси, Њујорк прогласија вонредна состојба, предупредија на можен прекин на електричната енергија и апелираа до граѓаните да не патуваат денеска.

Националната метеоролошка служба предупреди и на поплави во крајбрежните области, а ударите на ветерот би можеле да бидат и до 113 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.