Од армијата на САД соопштија дека овој месец ќе го намалат своето присуство во Ирак од 5.200 на 3.000 војници.

Ова е долгоочекуван потег, а беше најавен уште минатиот месец кога Ројтерс објави дека САД планираат да го намалат бројот на војници во Ирак за околу една третина.  Во земјата има околу 5.200 војници за борба против Исламската држава.

Официјални лица во меѓународната коалиција предводена од САД велат дека ирачките сили сега можат самостојно да се справат со остатоците од Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.