Американската влада има листа на компании и лица кои би можеле да ги санкционираат доколку не запрат со активности поврзани со гасоводот „Северен тек 2“, кој треба да ја поврзе Русија со Германија. Оваа листа ќе ја разгледува конгресот, изјави американски официјален претставник за германската новинарска агенција ДПА.

Ние сме во процес на комуникација со голем број од овие компании за да им дадеме до знаење дека се вклучени во активности подложени на санкции. Многу од овие компании не се свесни за ова и овие повици ќе им овозможат да се повлечат од овие активности“, изјави официјалниот претставник кој поради комлексниот карактер на енергетската траса агенцијата го пренесува како анонимен извор.

Со изградба на гасоводот „Северен поток 2“ ќе се удвои снабдувањето со природен гас од Русија преку Балтичкото Море до најголемата европска економија Германија. Токму оваа позиција ќе ја направи Германија зависна од Русија, толкуваат противниците на гасоводот – САД, Полска и Украина. Уверуваат дека гасоводот ќе и’ овозможи на Русија економски да ја задуши Германија, додека, пак, германската влада вели дека ќе создаде директно и безбедно снабдување со енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.