Пентагон планира подобрување и изградба на нови воени бази во Гуам и во Австралија со цел подобро да ја подготви американската армија да и се спротивстави на Кина, соопшти висок претставник на американското Министерство за одбрана.

Таквите потези се поттикнати од ревизијата на американската глобална одбранбена стратегија, која претседателот Џо Бајден му ја наложил на државниот секретар за одбрана Лојд Остин да ја спроведе набргу откако тој ја презеде функцијата во февруари, објави „Си Ен Ен“.

Остин почна со ревизија на американската глобална одбранбена стратегија која беше строго доверлива, но висок претставник на одбраната изнесе некои детали околу наодите.

Бајден „неодамна ги одобри“ наодите и препораките на Остин произлезени од ревизијата – потврди д-р Мара Карлин, која е вршител на должноста потсекретар за политички прашања во Министерството за одбрана на САД.

Администрацијата на Бајден го постави спротивставувањето на Кина како свој главен надворешнополитички приоритет бидејќи тензиите во односите со Пекинг се интензивираат, особено околу Тајван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.