САД планираат да ги удвојат донациите за антиковид вакцините и ќе се обидат да ја соберат меѓународната заедница околу амбициозната цел да се достигне вакцинација од 70 проценти од населението на секоја земја во светот следната година.

Претставници на американската администрација соопштија и дека САД ќе купат и дистрибуираат дополнителни 500 милиони дози „Фајзер/Бионтек“ на земјите во развој.

Со тоа, американските донации на вакции речиси ќе се удвојат на повеќе од 1,1 милијарда дози што САД ветија дека ќе ги донираат досега.

Вакцините ќе бидат набавени по цена на чинење и ќе бидат испратени преку меѓународниот механизам Ковакс во други земји.

Досега САД веќе испорачаа околу 160 милиони дози вакцини во повеќе од 100 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.