Американските граници засега остануваат затворени за меѓународните патници, без оглед дали се вакцинирани или тестирани за коронавирус, соопшти Белата куќа.

– Во оваа фаза важат постојните ограничувања за патување, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, додавајќи дека одлука е поради брзото ширење на делта сојот во САД и во странство.

САД од март 2020 години ги затвори границите и одлуката ќе биде во сила се додека земјите-членки на ЕУ не одлучат да ги отворат своите граници за Американците, под услов да бидат вакцинирани против Ковид-19 или да имаат негативен тест, патниците кои доаѓаат од шенген зоната, од Велика Британија и од Ирска нема да можат да влезат во земјата.

Канада одлучи да ги отвори своите граници на 9 август за американски граѓани и постојани жители на САД кои се целосно вакцинирани. Но, дури и во овој случај, мерката не доведе до реципрочна акција на американските власти.

Вашингтон на почетокот на јуни најави формирање работна група со Канада, Мексико, ЕУ и Велика Британија за решавање на прашањето за меѓународните патувања, сугерирајќи дека може да има олеснување на ограничувањата. Но, не само што тоа не се случи, туку и САД ги зголемија предупредувањата до Американците кои сакаат да патуваат во странство.

Пред една недела, Центрот за контрола и превенција на болести ги советуваше Американците да не патуваат во Велика Британија, а на листата дестинации што треба да се избегнуваат вчера беа додадени Португалија и Шпанија. Американските власти им препорачуваат на патниците да бидат целосно вакцинирани пред да заминат, а истовремено ги предупредуваат дека ризикуваат при посета на овие земји

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.