Американската администрација објави дека од ноември САД ќе ги отварат своите граници за патниците кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација.

Со ваквата одлука се укинуваат мерките за забрана за влез на туристи, бизнис патници и сите останати категории на луѓе без американско државјанство или легален престој, воведени со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

Со олабавувањето ќе се овозможи повторно соединување на разделените семејства поради пандемијата и ќе се овозможат повторно воспоставување на бизнис врските, пишува „Њујорк тајмс“.

Странски државјани кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација пред да се качат на авионот ќе можат да летаат за САД. Меѓународните патувања се критични за поврзување на семејствата и пријателите, за развивање на малите и големите бизниси и за промоција на отворена размена на идеи и култури – изјави Џеф Зинц, координатор во Белата куќа за прашања по пандемијата.

Повеќе од година дена беа забранети летовите од низа европски земји, Иран и Кина до САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.