САД нема да му дадат виза на иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џaвад Зариф, кој планираше во ОН со функционери од светот да разговара за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

САД ја образложија својата одлука со недостиг на време за обработка на барањето за виза за Зариф.

Зариф, како одговор на одлуката на Вашингтон, ги обвини САД за кршење на договорот што го имаат со Обединетите нации.

Тој потврди дека нема да добие виза за да одржи говор во ОН.

– Она што го знаеме е дека државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, ко контактирал генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и му рекол: „Немаме време да му издадеме виза на Мохамед Џaвад Зариф и нема да му издадеме виза, рече Зариф.

Тој додаде дека Гутереш му рекол на Помпео оти „Иран има право да учествува на седница“ на Обединетите нации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.