Бројот на заразени со корона вирус во САД надмина седум милиони, само неколку дена откако бројот на починати од Ковид-19 во таа земја се искачи над 200.000.

Според објавената статистика, во САД од Ковид-19 умираат по повеќе од 700 луѓе на ден, а над 40 000 се разболуваат.

Најголемиот број случаи, повеќе од 800.000, е регистриран во Калифорнија.

Од средината на септември има зголемување на бројот на случаи во сојузните држави во средниот Запад, со исклучок на Охајо, најмногу во Јужна и Северна Дакота, а сите нови случаи во двете држави се поврзани со трки со мотори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.