Се очекува дека Белата куќа во текот на денот ќе соопшти дека вакцинираните патници од Велика Британија и Европската Унија ќе добијат дозвола да влезат во САД.

Како објави „Фајненшл тајмс“, се очекува мерката да стапи на сила од 1 ноември.

Според извори на весникот, запознати со прашањето, новата политика на администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе се однесува на целосно вакцинирани лица, вклучително и оние вклучени во клиничките испитувања на третмани кои се уште не се одобрени во Велика Британија. Со одлуката ќе се стави крај на забраната што беше во сила во изминатите 18 месеци.

Во јули, британскиот премиер Борис Џonонсон истакна дека Велика Британија и САД разговараат за создавање патнички коридор меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.