Експертската комисија во Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) одлучи да го одложи решението за вакцината на „Џонсон и Џонсон“. По вонредниот состанок, ЦДЦ објави дека треба да соберат повеќе информации пред да издадат препорака.

Федералните здравствени агенции на САД повикаа на итен прекин на употребата на вакцината со единечна доза откако шестмина Американци развија тромб во период од две недели по приемот на вакцината. Станува збор за жени на возраст од 18 до 48 години. Една жена починала, а друга од Небраска се наоѓа во болница во критична состојба.

Веднаш потоа, американската корпорација „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека ја одложуваат испораката на вакцината против Ковид-19 во Европа.

Следниот состанок на експертската комисија на ЦДЦ за вакцината се очекува за една недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.