САД испратија длабоко сочувство до народот на Европската Унија за починувањето на претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Претседателот Сасоли ќе биде запаметен како силен поддржувач на партнерството меѓу САД и ЕУ, како глас за демократијата и човековите права на глобално ниво, и застапник за Европска Унија која служи на своите граѓани и е посилна поради различностите. Нашите мисли се со неговото семејството и саканите – се наведува во соопштение од Стејт департментот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.