Здравствените власти на САД и Стејт департментот ги предупредија Американците да не патуваат во Јапонија поради зголемено ширење на корона вирусот во таа држава, која се подготвува за два месеца да биде домаќин на Олимписките игри.

Не патувајте во Јапонија поради Ковид-19 – гласи предупредувањето на Стејт департментот.

Ваквото предупредувања не им забранува американски граѓани да ја посетуваат Јапонија, но тие можат да влијаат на патничкото осигурување и да играат улога во одлучувањето дали спортистите ќе учествуваат во игрите, додека за гледачите – дали да присуствуваат на стадионите за време на Олимпијадата.

Патниците треба да избегнуваат какво било патување во Јапонија. Поради сегашната состојба во Јапонија, дури и целосно вакцинираните патници може да бидат изложени на ризик од мутации на Ковид-19 и треба да избегнуваат какво било патување во Јапонија – велат од Центрите за контрола и превенција на болести.

Американскиот олимписки и параолимписки комитет соопшти дека, сепак, очекува американските спортисти да можат да се натпреваруваат безбедно на ОИ во Токио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.