САД и неколку западни земји ја осудија „сè поголемата злоупотреба“ на новинарите и независните медиуми во Русија и ги повикаа руските власти да ја гарантираат слободата на медиумите.

Руските власти оваа година систематски апсеа новинари кои известуваа за собири организирани во знак за поддршка на противникот на Кремљ, Алексеј Навални, и брутално се однесуваа кон нив – се наведува во заедничкото соопштение на 18 земји, меѓу кои САД, Германија, Канада, Франција и Велика Британија.

Земјите, во соопштението наречени Коалиција за слобода на медиумите, наведуваат неколку примери, меѓу кои и одлуката на руските власти да протераат новинар на Би-Би-Си, како и ставањето неколку новинари на списокот на „странски агенти“.

Како што се оценува во соопштението, списокот има за цел да ги спречи Русите да пристапат до информации од независни извори.

Ја повикуваме руската Влада да стави крај на задушувањето на независните гласови, да ги прекине постапките против новинарите и медиумите за чисто политички цели и да ги ослободи сите кои се неправедно приведени – се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.