Белата куќа објави соопштение во кое се вели дека САД се загрижени поради ескалацијата на агресија во Украина.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека официјален Вашингтон разговара со земјите-членки на НАТО за движењето на руските сили во близина на Украина.

Русија сега има повеќе трупи на границата со Украина од кој било друг период од 2014 година – истакна Псаки алудирајќи на периодот на припојувањето на Крим кон Русија.

Псаки не прецизира колкав број на руски војници се распоредени на границата со Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.