САД и Индија во вторникот го потпишаа Основниот договор за размена и соработка (БЕЦА) за геопросторна соработка. Документот е потпишан во Делхи за време на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за одбрана Марк Еспер, пишува Вашингтон пост.

Договорот ќе и овозможи на Индија пристап до разни воени информации, вклучително и геопросторни и аеронаутички податоци. Двете земји, исто така, потпишаа голем број зделки за нуклеарна енергија, медицина и науки за земјата.

Заедно можеме да направиме вистинска разлика кога станува збор за регионалните и глобалните предизвици, без разлика дали станува збор за почитување на територијалниот интегритет, промовирање на свесност за поморскиот домен, контратероризам или создавање просперитет, рече индискиот министер за надворешни работи Субрахмањам Јаишанкар.

Се согласуваме дека сеопфатното глобално стратешко партнерство помеѓу САД и Индија е од клучно значење за безбедноста и просперитетот на двете наши земји, на Индо-пацифичкиот регион и на светот, порача Помпео во понеделникот на Твитер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.