Во САД е регистриран првиот случај на новиот сој на корона вирусот, омикрон.

како што објави агенцијата АП, повикувајќи се на неименуван функционер, првиот случај на омикрон во САД е откриен кај човек од Калифорнија.

Кон крајот на ноември, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден воведе ограничувања за патниците кои доаѓаат од Јужна Африка, каде што првпат беше идентификуван новиот сој.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) презема чекори за дополнително заострување на правилата за тестирање на патниците кои доаѓаат од странство. Ова вклучува тестирање на сите патници максимум 24 часа пред да се качат на летот за САД, без разлика дали се вакцинирани или не. ЦДЦ размислува и за задолжително тестирање по пристигнувањето во САД.

Официјалните лица признаваат дека таквите мерки сакаат само да купат време додека научниците не утврдат дали омикрон е позаразен од варијантата делта, која моментално е најдоминантна во светот. Научниците исто така се заинтересирани за тоа какви симптоми предизвикува омикрон. Сите овие информации треба да се знаат во рок од две недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.