Белата куќа го отфрли повикот на СЗО за прекин на вакцинирање со трета доза на вакцините против Ковид-19, оценувајќи дека САД не треба да бираат помеѓу давање трета доза на своите граѓани и донирање на вакцините на трети земји.

Тоа е погрешна алтернатива. Сметаме дека можеме да ги направиме и двете и дека не треба да избираме помеѓу вакцинирање на Американците, што се уште не е официјално планирано, и помагање на сиромашните земји – изјави Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа, коментирајќи го повикот на СЗО.

Псаки потсети дека САД веќе дистрибуирале повеќе од 100 милиони дози вакцини на посиромашните земји, што е повеќе од донациите од сите други земји во светот заедно.

САД се уште немаат донесено одлука за ревакцинацијата со трета доза, но Германија и Израел одлучија да го прават тоа, пред се за постарите граѓани.

СЗО повика да се стави крај на ревакцинацијата со трета доза, барем до крајот на септември, за да им се дадат повеќе вакцини на посиромашните земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.