Американскиот претседател, Доналд Трамп објави прекин на летовите на сите авиони боинг 737 макс, авионот кој во неделата се урна во Етиопија при што загинаа 157 луѓе.

Итно ќе прогласиме сопирање на сите летови на 737 макс 8 и 737 макс 9, кажа Трамп и додаде дека „безбедноста на Американците и сите патници е нивниот апсолутен приоритет.

Генералниот директор на Боинг, Денис Мјуленберг веднаш реагираше и повторно изрази целосна доверба во безбедноста на 737 макс. Објасни дека самиот конструктор препорачал привремено приземјување на флотата авиони.

Вчера Европската агенција за безбедност на воздухопловниот сообраќај (ЕАСА) ги прекине сите летови на просторот на ЕУ за авионите боинг 737 макс 8 и 737 макс 9 поради фаталното уривање во неделата.

Британија, Германија, Франција и Ирска беа последните во низата држави кои објавија дека ги затвораат своите воздушни простори за авионите на Боинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.