Стејт департментот на Соединетите држави во вторникот објави дека ќе ги прошири санкциите воведени за пловните објекти што работат на проектот за гасоводот природен гас „Северен тек 2“, пренесува Вол Стрит Журнал.

Вашингтон изјави дека санкциите „може да опфатат странски фирми или лица кои обезбедуваат одредени услуги или стоки“ неопходни за работата на бродови ангажирани во проектот, вклучително и обезбедување услуги или објекти за надградба или инсталација на опрема или нивно финансирање.

Стејт департментот ја повика Русија, главната заинтересирана страна во проектот, да „престане да ги користи своите енергетски ресурси за присилни цели“.

Исто така, ја обвини Москва дека ги користи гасоводите „за да создаде национални и регионални зависности од руските енергетски залихи, користејќи ги овие зависности за проширување на нејзиното политичко, економско и воено влијание, ослабување на европската безбедност и минирање на интересите на националната безбедност и надворешната политика на САД“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.